речник контакт

Што е горивото на иднината?

нафта, ветер, сонце.. ниту едно од овие три туку...

Петар Печков


Кој извор на обновлива енергија е најважен за Европската Унија? Соларната енергија, можеби? (Европа поседува три четвртини од вкупно инсталиранот капацитет во светот на соларна фотоволтажна енергија). Или ветерот? (Германија во изминатата деценија го зголеми својот капацитет на ветерната енергија). Одговорот е: нити едно од тие. Досега, најголемото таканаречено обновлива гориво кое се користи во Европа е - дрвото.

Во различни форми, од цепаници до пелети и пилевина, дрвото (или да го користиме неговиот модерен израз, биомасата) влегува со речиси една половина во европската потрошувачка на обновлива енергија. Во некои земји, како што се Полска или Финска, дрвото учествува со повее од 80 отсто од побарувачката за обновлива енергија. Дури и во Германија, домот на „енергиевенде“ (трансформација на енергијата) каде се влеваат огромни суми во субвенци за ветерната и соларната енергија, 38 проценти од потрошувачката на нефосилни горива доаѓа од дрвото.

По повеќе години откако европските влади ја засилија својата хајтек, нискојаглероддиоксидна енергетска револуција, најголема корист по се изгледа доаѓа од горивото кое го користеле прединдустриските општества. Помислата дека дрвото создава ниско ниво на јаглерод диоксид звучи бизарно. Но првичниот аргумент да се вклучи дрвото на листата на ЕУ за количини на обновливи извори беше недвосмислен. Ако дрвото кое се користи во електраните доаѓа од соодветно управувани шуми, тогаш јаглерод диоксидот кој исчадува од оџаците ќе биде засенет со јаглерод диоксидот кој се зачувува и складира во ново посадените дрва. Дрвото може да биде неутрално со јаглерод диоксид. Дали е тоа така е сосема различно прашање. Но кога веќе беше донесена одлука дрвото да се назначи за обновлив извор на енергија, неговата употреба порасна.

Во секторот на електричната енергија, дрвото има разни предности. Поставувањето на фабрики за ветерна енергија е скапо, но елекраните можат да бидат адаптирани да горат микс од 90 отсто јаглен и 10 проценти дрво (таканареченото заедничко согорување), со малку дополнителни инветсиции. За разлика од соларните и ветерните фарми, електраните се веќе поврзани во мрежа. Покрај ова, енергијата од дрвата не е нерамномерна како онаа која доаѓа од сонцето и ветерот: не е потребна дополнителна енергија навечер, или во мирните денови. И затоа што дрвото може да се користи во електраните кои користат јаглен, кои би можеле да бидат и исклучени под новите стандарди за заштита на човековата околина, дрвото стана екстремно популарно кај енергетските компании.

Пари растат на дрвата

Всушност, многу брзо беше создадена алијанса за да се поддржат јавните субвенции за биомаса. Се сплотија заедно и зелените, кои сметаат дека дрвото е неутрално во однос на јаглерод диоксидот; и производителите, кој го сметаат заедничкото согорување како евтин начин да се зачуваат јагленокопите; и владите, кои го сметаат дрвото како единствен начин да се остварат нивните цели за обновливи извори. ЕУ бара до 2020 да се обезбеди 20 проценти од енергијата од обновливи извори; но оваа цел нема да ја остварат земјите членки, ако се потпираат само на соларната или ветерната енергија.

Трката да се остварат тие цели до 2020, создава нов вид на енергетски бизнис. Во минатото, електричната енергија од дрва имаше потреба од операција на мало ниво на рециклирање на отпад. Скадинавската дрвена маса и фабриките за хартија имаа свои електрани во близина, кои гореа гранки и пилевина: Подоцна се појави заедничкото согорување, што беше маргинална промена. Но откако во 2011, РВЕ, големата германска енергетска компанија, која ја претевори својата електрана Тилбури Б во источна Англија целосно да работи на дрвени пелети (вообичаена форма на дрво за индустриско горење), тоа веднаш се разгоре.

По ова, и од Дракс, исто така во Британија и една од најголемите европски електрани на јаглен, рекоа дека ќе преправат три од шесте горилници да работат на дрво. Кога ќе започнат со работа во 2016, тие ќе создаваат 12,5 тераватчасови електрича енергија годишно. Оваа енергија ќе биде субвенционирана, под условите од сертификатот за обврска по обновливи извори, и ќе чини 45 фунти по мегават час, кој ќе се исплаќа на пазарната цена на струјата. По сегашните цени, пресметува Роланд Ветер, главен аналитичар во ЦФ партнерс, најголемата европска фирма за трговија со јаглерод диоксид, Дракс ќе добива по 550 милиони фунти годишно од субвенции за биомаса по 2016 - што е повеќе од прикажаниот профит на компанијата во 2012, од 190 милиони фунти.

Со вакви и слични инциијативи, европските фирми пребаруваат нови земји заради дрвата. Европа потрошила 13 милиони тони пелети во 2012, велат од канадската компанија Интернешенел вуд маркет груп. Според сегашните трендови, до 2020 европската побарувачка ќе порасне од 25 до 30 милиони тони годишно.

Европа не произведува доволно сирово дрво за да се покрие дополнителната побарувачка. Па затоа значаен дел ќе доаѓа од увоз. Увозот на дрвени пелети во ЕУ пораснало за 50 % само во 2010, а глобалната трговија за нив (поттикната од кинеската, како и од европската побарувачка) може да порасне за пет до шест пати, од 10-20 милони тони на 60 милиони тони годишно до 2020, велат од Европскиот совет за пелети. Поголемиот дел од тоа ќе доаѓа од новите бизниси за извоз на дрво, кој цвета во западна Канада и на америкаснкиот југ. Гордон Мареј, извршен директор на Асоцијацијата за дрвени пелети на Канада, го нарекува ова „индустрија измислена да доаѓа од ништо“.

Цените скокаат над плафонот. Дрвото не е акцизна стока и нема единствена цена. Но индексот на цените на пелети, кои ги прикажува извештајот на Аргус Биомас, скокнале од 116 долари за тон во август 2010, на 129 долари за тон на крајот на 2012 година. Цените за тврдото дрво од западна Канада пораснале за околу 60 отсто од крајот на 2011 наваму.

Ова врши притисок и врз компаниите кој го користат дрвото како сировина. Во изминатите пет години, биле затворени околу 20 големи пилани во Европа кои прават иверица за градежната иднустрија, вели Петер Пилајамаки од Појри, финска консултантска компанија (иако падот на европското градежништво всушност има најголема заслуга за ова). Повисоката цена паѓа на грбот на компаниите за дрвена маса и за хартија, кои и така се наоѓаат во лоша кондиција; производството на хартија и картон во Европа остана речиси 10 проценти под својот зенит во 2007. Во Британија, производителите на мебел се жалат дека конкуренцијата од прозводителите на енергија, „ќе доведе до колапс на основната британска база за производтсво на мебел, овен ако субвенциите значајно не се намалат или укинат“.

Но ако субвенционирањето на биомаса е ефикасен начин да се намалат емисиите на јаглерод диоксид, можеби колатералната штета може да биде отпишана како несреќна последица од политиката која за сите носи корист. Па дали е тоа ефикасно? Не е.

Дрвото прави двојно повеќе јаглерод диоксид: еднаш во електраните, еднаш во синџирот на достава. Процесот на правење пелети од дрво вклучува и мелење, негово претварање во тесто, и ставање под висок притсок. Тоа, плус испораката, бара енергија и создава јаглерод диоксид: 200 кг. ЦО2 за количина од дрво потребно да се произведе 1 мегават час струја.

Ова ја зголемува количината на јаглеродот кој се засчувува со премин на дрва, па оттука доаѓа и зголемувањето на цената на заштедата. Заради субвенциите од 45 фунти по мегават час, вели Ветер, ќе чини 225 долари да се зачува еден тон ЦО2 со префрлање од гас на дрва. А тоа подразбира и остатокот од процесот (во електраните) да стане неутрален на јаглерод диоскид. Но најверојатно не е така.

Горивото и вашите пари

Во изминатите неколку години, научниците заклучија дека првичната идеја - јаглерод диоксидот од управуваните шуми го намалува јаглерод диоскидот во елетраните - беше претерано поедноставена. Во реалноста, неутралноста од јаглерод диоскид зависи од видот на дрвото кое се користи, колку брзо растат дрвата, дали се користат делканици или цели дрва и тн. Дополнително, Европската агенција за човекова околина, во својот извештај во 2011 ја изнесе претпоставката дека, „горењето на биомаса која треба да биде неутрална на јаглерод диоксидот... не е точна... затоа што се игнорира фактот дека користењето на земјиште за растење на дрва за енергија вообичаено значи дека на таа земја нема да се произведуваат дрва за друга намена, вклучувајќи и јаглерод диоксидот кој е и така изолиран“.

Тим Серчингер од Универзитетот Принстон, пресметал дека ако се корстат цели дрва за производство на енергија, како што е и понекогаш случајот, тие го зголемуваат нивото на јаглерод диоксид во споредба со јагленот (кој се смета за највалканото гориво) за 79 отсто во текот на 20 години, и за 29 проценти во текот на 40 години; па затоа не постои намалување на јаглерод диоксид се додека не минат 100 години, додека не пораснат дрвјата за замена. Но како што потенцира Тим Брукс од Европската фондација за клима, „ се обидуваме СЕГА да го намалиме јаглерод диоксидот, а не за 100 години“.

Накусо, ЕУ создаде субвенција која чини многу, и можеби така не се намалуваат емисиите на јаглерод диоксид, ниту пак се поттикунува создавањето на нови технологии за енергии - и се оставва да порасне како дива жива ограда.

текстот е преземен од Економист Лондон

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »